недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Муцунски: Крајната одговорност за неспроведување на реформите лежи врз власта

Муцунски: Крајната одговорност за неспроведување на реформите лежи врз власта

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисијата „Топ Тема“ кажа дека владата за многу прашања не заслужила поддршка, но бидејќи граѓаните заслужуваат да биде поддржан патот кон Европската унија, сите закони кои што партијата успеала да ги услогласи со власта биле гласани од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Муцунски кажа дека не може да се очекува примената на законите и внатрешните промени кои што се случуваат во институциите да бидат одговорност на опозицијата која има далеку поограничени ресурси од власта да влијае врз овие процеси.

Тој додаде дека одговорноста за неспорведувањерто на реформите лежи основно врз оние кои што ги водат институциите и дека работата на опозицијата е да дава идеи и инпут, но потенцираше дека крајната одговорност за спроведените реформи примарно лежат во рацете на владата.