понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Муцунски: Ќе придонесеме за поголема поддршка на нашите занаетчии и нивно афирмирање со препознатливи македонски брендови

Муцунски: Ќе придонесеме за поголема поддршка на нашите занаетчии и нивно афирмирање со препознатливи македонски брендови

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од изборна единица 1, Тимчо Муцунски денеска разговараше со претставници на Занаетчиската комора на Град Скопје и вети подобри услови за занаетчиите.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

„Разговарав со претставници на Занаетчиската комора на Град Скопје, за создавање на услови и подобра клима за унапредување на занатечиството, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, како и нивно промовирање дома и во странство.

Во насока на поголема инклузија на овие организации и асоцијации

Регионалните занаетчиски центри кои ќе се формираат ќе бидат модерни генератори на знаења и ќе можат да пружат развој во секој регион преку квалификација на дефицитарните занаети.

-Со гарантен фонд за невладините организации и асоцијации ќе обезбедиме буџетски средства за поддршка и унапредување како и стратешка соработка со граѓанскиот сектор.

-Со проектот за Поддршка за обнова и развој на традиционалните занаети, ќе придонесеме за поголема поддршка на нашите занаетчии и нивно афирмирање со препознатливи македонски брендови“.

Коронавирус