петок, 4. декември 2020. Вести денес: 55
home Вести

Муцунски: Јас сум Македонец од Република Македонија, тоа не може да го смени ниту еден договор

Муцунски: Јас сум Македонец од Република Македонија, тоа не може да го смени ниту еден договор

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при своето гостување на „Топ Тема“ посочи дека тој се чувствува како Македонец од Република Македонија и тоа не може ниту еден договор да го смени. А, најмалку власта предводена од СДСМ да забрани самоопределување на граѓаните.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што ние велиме дека Преспанскиот договор и неговата содржина не ја прифаќаме. Јас не прифаќам да ми се наруши правото на самоопределување. Јас сум Македонец од Република Македонија, нагласи Муцунски.

Муцунски додаде дека тој се чувствува како Македонец од Република Македонија. И така се чувствува доста големо мнозинство на наши граѓани.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди двотретинско мнозинство и бадентерово двотретинско мнозинство сме подготвени да пристапиме кон уставни промени. А, реалноста ќе ја кажат граѓаните на 12-ти април, истакна Муцунски.

Муцунски појасни дека е убеден да неговата генерација на политичари ќе го доживее моментот да оваа земја повторно се вика Република Македонија.

Коронавирус