среда, 12. август 2020. Вести денес: 89
home Вести

Муцунски и Стојаноски поразговараа за проблемите на пациентите: Еден доктор и еден правник можат да направат многу за подобрување на здравствените услуги на граѓаните

Муцунски и Стојаноски поразговараа за проблемите на пациентите: Еден доктор и еден правник можат да направат многу за подобрување на здравствените услуги на граѓаните

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 1 Тимчо Муцунски денеска имаше можност да поразговара со доктор Синиша Стојаноски за проблемите кои неговите пациенти му ги пренесуваат секојдневно.

-Доктор Синиша Стојаноски , професор и еден од најдобрите доктори по патолошка физиологија, задоволство ми беше да поразговарам со него за проблемите кои неговите пациенти му ги пренесуваат секојдневно.
Еден доктор и еден правник можат да направат многу за подобрување на здравствените услуги на граѓаните, со посветеност и прецизност да детектираат решенија за креирање и спроведување на здравство базирано на пациентите ⚖️🩺
》Потребна ни е Национална здравствена стратегија која ќе ги заштити докторите и здравствените работници да заработуваат достоинствено во согласност со нивниот труд и пожртвуваност, да влееме мотив да останат во Македонија.
》Нула корупција во здравството и стандардизација на квалитетот на здравствените услуги.
》Стратегија за млади лекари која ќе утврди методологија правци и начини за поддршка на младите лекари во Македонија.
》Целосна дигитализација и олееснување за граѓаните во издавањето рецепти, упати, извештаи и резултати, како и интегриран електронски систем Е-медицинско досие за секој пациент.
#ОдбериОбнова #здравство #СеОбврзуваме 🇲🇰, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доктор Синиша Стојаноски , професор и еден од најдобрите доктори по патолошка физиологија, задоволство ми беше да…

Posted by Тимчо Муцунски / Timco Mucunski on Saturday, July 11, 2020

Коронавирус