понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Муцунски: Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат

Муцунски: Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со криминал, корупција или напредна прогресивна држава, со чесни луѓе, со луѓе кои ќе допридонесат за доброто на сите граѓани, порача Тимчо Муцунски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1.

„Хибриден режим не ни е потребен, потребни ни се проекти и мерки за подобар живот, за повисок стандард. Доста му е народот од неправди и понижувања, време е да ја кренеме кичмата и да се исправиме за просперитет и подобра иднина.

Нашиот народ е паметен и знам дека ќе им го заврти грбот на нечесните политичари, на неправедното богатење на нивниот грб.

Нужни се мерки за младите и за претприемачите, многу повеќе за работниците, повисоки плати и достоинствени пензии, со обновата се обврзуваме за многу повеќе за сите граѓани.

Во општини како убавиот и урбан Карпош да има ред и повеќе зеленило, почист воздух и конечно да сопре урбанистичката мафија“-порача тој.

Коронавирус