понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Муцунски: Фијаското со договорите со Грција и Бугарија се случуваше кога Димитров беше актер во истите

Муцунски: Фијаското со договорите со Грција и Бугарија се случуваше кога Димитров беше актер во истите

Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за интерпелацијата на Никола Димитров, актуелен вицепремиер за европски интеграции рече дека покренувањето на прашањето за одговорност на член на влада е многу важно, исто како што е многу важно дали се исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните.

Причини за интерпелација има повеќе, додаде Муцунски, и укажа на неколку од нив.

Прво, според него е што старо – новата влада за време на кампања пред парламентарните избори даде ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи.

Второ, рече тој, и објасни дека давањето на лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандат.
– Актуелниот заменик претседател на Владата пред неколку месеци беше и прв човек на МНР, беше во постапка за постигнување на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бигарија. Тоа се да асиметрични договори кои без апрезентирани како извонреден успех, рече Муцунски додавајќи дека од нив произлегуваат само проблеми и последици.

Трето, напомена Муцунски, дека за решенијата во овие договори не бил воден сооддветен демократски дијалог и не била вклучена пошироката експертска јавност.

Четврто, рече тој, во два наврати Димитров беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појави да рефереира по овие прашања.

Како петто, Муцунски напомена, „фијаското не го ставам на негов товар само, но тоа се случуваше кога ја извршува функцијата“

Според Муцунски за сето ова што се случуваше изостана и сооодветен интитуционален одговор.
-Потребно е да констатираме дека за неприфатливиот, навредувачкиот однос и блокирање на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, а тоа значи и негирање на идентитет, посебност, немаше институционален одговор, рече Муцунски.

Според него потребно е национално единство, соработка за да без вакви дебакли ги надминуваме стереотипите и да наоѓаме достоинствени решенија.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија