вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Муцунски: Електронскиот регистар не претставува замена за попис, законските решенија на Владата не се доволно квалитетни

Муцунски: Електронскиот регистар не претставува замена за попис, законските решенија на Владата не се доволно квалитетни

Електронскиот регистар на населението ќе го подобри квалитетот на услуги кои ќе ги добијат граѓаните, оценува Тимчо Муцунски, поранешниот заменик министер за информатичко општество и администрација.

Тој во изјава за КУРИР потенцира дека овој проект е отпочнат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и дека средствата се обезбедени прењку ИПА договор кои исто така беше потпишан од страна на претставник од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Преку него се обезбедуваат поквалитетни информации за проектирање, буџетирање и поквалитетни услуги за граѓаните. Ова не претставува замена за попис. По европски стандарди за спроведување на попис потребни се посебни стандарди, методологии и критериуми. Но секако може да биде дополнителна помошна алатка, вели тој.

Муцунски оценува дека законските решенија подготвени од владата не се доволно квалитетни и ќе биде потребно ВМРО-ДПМНЕ да го подобри квалитетот на секој реформски закон.