четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Муцунски до Маричиќ: Нема реформи за ЕУ и зборувате само за психолошка бариера, датум за преговори

Муцунски до Маричиќ: Нема реформи за ЕУ и зборувате само за психолошка бариера, датум за преговори

Процесот на реформа на политиката за проширување е постојано променлива и ние мораме да се прилагодуваме, промената на методологијата е помалку важна, важно е постигнување на реформите. Ние сме се врзале за една психолошка бариера датум за преговори и владата зборуваше само за тоа. Владата се занимаваше со лажни марктетиншки трикови како Планот 3-6-9 и Планот 18 за кои мислам околу 50 проценти беше реализацијата, рече Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа од која дел беше и Бојан Маричиќ, советник во Владата.

Според него треба да се направи многу за развивање на кадрите во насока на европеизирање, како и во организацијата. Муцунски и конкретно му кажа на Маричиќ што треба да се направи на патот кон ЕУ.

-Секретарјатот за европски прашања треба да се спои со МНР, треба механизам во владата кој ќе се занимава со координација, треба да има едно лице како централна точка. Ова го немаме. Пофалено е само носење на неколку закони во кои учествуваше и опозицијата, за се друго има забелешки за реализација на овие закони, за економијата, рече Муцунски.

Коронавирус