среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Муцунски до Манчевски: СДСМ секогаш кога зборува за реформи и за одење напред практикува да гледа назад

Муцунски до Манчевски: СДСМ секогаш кога зборува за реформи и за одење напред практикува да гледа назад

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија му посочи на својот соговорник, министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски дека СДСМ секогаш кога говори за реформи и одење напред впрочем го прави спротивното и гледа назад.

-Знаете што е суштинскиот проблем во оваа дебата? Суштинскиот проблем во оваа дебата е дека СДСМ секогаш кога зборува за реформи и за одење напред тие практикуваат да гледаат назад. Господинот Манчевски ни кажува што се случувало во Пржино. Ниту јас ниту најголемиот дел од ракводоството на ВМРО-ДПМНЕ, посебно тимот што сега преговара не сме биле учесници во Пржино, не сме знаеле што се случувало, вели Муцунски.

Тој обвините дека власта се обидува повторно да наметне пржинско решение кое ќе донесе ново повторно исполитизирано обвинителство, какво што впрочем постои во овој момент.

Обидот на СДСМ е повторно да имаме пржинско решение, пржинско решение кое ќе ни донесе ново обвинителство, политизирано, обвинителство какво што имаме во овој момент. Државниот јавен обвинител е на предлог на СДСМ. Ние преговараме за донесување на суштинско европско законско решение, додаде тој.

Муцунски потенцираше дека опозицијата не верува во обвинитеслтво во моментов, обвинителство кое гледа и слуша за криминал, а не постапува.

-Европско решение кое ќе ги ослободи институциите од стегите кои што ги има сега. Државниот јавен обвинител гледа, односно слуша како градоначалник напаѓа некого во својата канцеларија и се уште не е отворен предмет, заврши Муцунски.

Најнови вести

Коронавирус