сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Муцунски: Дипломатијата потфрли- Одговорност мора да има

Муцунски: Дипломатијата потфрли- Одговорност мора да има

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Тој кажа дека владата имала наивен пристап кон процесите и дека веќе подолго време имало сигнали дека има проблеми кои што ќе значат блокирање на процесите на отворање на пред пристапните преговори.

– Ако добро се сеќавам министерот за надворешни работи и вице- премиер за европски интеграции во последните наврати во Париз кога беа на посети не беа примени на ниво кое што е соодветно на нив. Ако добро се сеќавам не беа примени од францускиот министер за надворешни работи . Сето тоа ме води до еден заклучок дека подолг период имаме сигнали дека има одредени предизвици и проблеми кои што може да значат блокирање на процесот на отворање на пред пристапни преговори и мислам дека можела дипломатската активност да биде многу посилна кажа Муцунски.

Муцунски додаде дека треба да се побара одговорност од политичарите како министри и други лица вклучени во овој процес но и да се забележи фактот кога последен пат имало официјална и работна посета на високо ниво во Париз.