сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Денес имаме Закон за ЈО кој што предвидува експлицитна амнестија и нарушување на сите принципи за кои што се бореше СДСМ

Муцунски: Денес имаме Закон за ЈО кој што предвидува експлицитна амнестија и нарушување на сите принципи за кои што се бореше СДСМ

Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше на „Топ тема“ кај што посочи дека власта сега во моментот актуелизира проблеми кои не се проблеми, за да ја сокрие реалната слика на државата. Како Македонија тоне во секој план на економски, правен, образовен, капитални инвестиции итн.

Синоќа во Собранието на Република Македонија ноторно е дека се повреди член 71 и член 91 од Уставот. Ноторно е дека е во овој момент се вработуваат минимум 6.000 луѓе во јавната администрација во предизборен период. И сега ние зборуваме за пат кон Европска Унија, запраша Муцунски.

Муцунски додаде дека треба да се покажуваат европски вредности на дела, а ние во Собранието во овој момент имаме Закон за јавно обвинителство кој што предвидува експлицитна амнестија и нарушување на сите принципи за кои што се бореше СДСМ кога беше во опозиција.

Коронавирус