петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Муцунски: Човек не може да не се поклони пред борбата на децата-бегалци, многумина се обиделе да не размакедончат, но попусто

Муцунски: Човек не може да не се поклони пред борбата на децата-бегалци, многумина се обиделе да не размакедончат, но попусто

Денот на борците не би имал смисла, да не се поклони човек пред борбата на децата-бегалци во еден мачен живот.

Спомените на нивните семејства не можат да бидат избришани, колку и да се извртува вистината, не може да ти го одземат идентитетот, затоа што тој лежи во легитимноста да бидеш она што си, а ние сме Македонци.

Записот каков и да е може да биде порекнуван и да се менува, многу во историјата се обиделе да не размакедончат, но попусто.

И во минатото, но и денес, за да одиме таму каде што сме наумиле, прво мора да го исправиме рбетот на Македонецот, национално ослободување исто како во други времиња. Може да подадеме рака на секого и да простиме, но не и да заборавиме #МакедонијаНеЗаборава. Најголем е народ кој верува во себеси, не смееме да прифатиме помалку од она што сме, за кое се умирало. Нема сила што може да ја избрише вистината за асимилацијата на егејците, затоа се обврзуваме да се бориме повеќе за да го вратиме сосила изгубеното, за овие луѓе и нивните семејства не останат заборавени, а нивната борба попуста, да останат горди Македонци.

Коронавирус