понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 72
home Вести

Му верува ли некој на Максим Димитриевски? Еве што вели за договорот со Бугарија

Му верува ли некој на Максим Димитриевски? Еве што вели за договорот со Бугарија

Истото го мислел и кога се потпишуваа  договорите со Бугарија и Грција, ама дури сега јавно проговори, зошто? пак не објасни конкретно – градоначалникот Максим Димитриевски изреагира оти вчера Алфа потсети оти тој молчеше кога се ставаше параф на спорните договори за бришење на македонскиот идентитет.  Немало граѓанин вели Димитриевски што се сложува со промената на името, ама според него договорите со Атина и Софија биле инвестиција за НАТО и ЕУ.

  • Jас договорот не го коментирав, инаку мојот став многу одамна е познат по основ на нашите историски обележја, историјата, идентитетот и самобитноста на македонскиот народ нема цена, нема простор за никаков преговор, па и по цена на било кое членство во било која меѓународна организација. Тоа треба да биде нашата црвена линија, како народ, како држава и како граѓани на оваа држава, затоа што ние немаме право да си играме со историјата.- вели Максим Димитриевски – градоначалник на Куманово.

Повтори дека не може да брише историјата на нашиот народ и сите народи кои живеат на овие простори. Ама пак е чудно што градоначалникот од редовите на СДСМ сега одлучи ревносно да биде патриот?

Остро ја демантира објавата на некои медиуми дека пред 3 години се поклонува пред загинатите борци кај Страцин, само под бугарското знаме. Вели имало и македонско.

  • Дефинитивно имаше македонско знаме, беа присутни многу организации, патриотски организации и од Македонија и од Бугарија и оддадовме признание на антифашистите кои се бореле против фашизмот на крајот на Втората светска војна. Треба јавноста многу повеќе да научи за битката кај Страцин, бидејќи има голем број учесници и голем број на жртви во таа битка- вели Максим Димитриевски – градоначалник на Куманово.

Острото око на јавноста гледа следи и не заборава. Неспорно Димитриевски сега е нова мета на твитерџиите и социјалните мрежи: дали градоначалникот  има намера да излезе од СДСМ и ќе прави сам партија или пак сака да се спријатели со опозицијата – прашуваат најдосетливите.

извор: alfa.mk

Коронавирус