вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

Му се извинуваме до небо на Драги Рашковски

Му се извинуваме до небо на Драги Рашковски

По демантот испратен до нас, редакцијата на КУРИР поради текстот „Рашковски и Заев носеле заклучоци, менувале тендери за да “лапнат” 7 милиони евра“ се извинува до небото на господинот Драги Рашковски поради нарушување на неговиот нескршлив интегритет, чистина и демонстрираниот висок морал.

Останува фактот дека тој е прекрасен, работлив и трудољубив човек, кој не се заканува, однапред не договара тендери, не шири говор на омраза и е еден од најемпатичните вршители на јавна должност.

Воедно поради однапред познатиот исход од евентуална судска парница која Рашковски ја најави поради споменатиот текст, за кој се извинуваме до небото, како и почитувањето на неговата пресумпција на невиност, ќе го почекаме крајниот исход за кој обвинителството рече дека ќе го разгледа.

Со почит
Редакција на КУРИР

Коронавирус