петок, 4. декември 2020. Вести денес: 161
home Вести

МТВ доби одврзани раце за купување права од спортски натпревари

МТВ доби одврзани раце за купување права од спортски натпревари

Владата на денешната седница го прифати како свое мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација за согласност на барањето за давање на автентично толкување на член 105 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеникот Драган Данев.

Членот 105 од Законот за ААВМУ предвидува дека Националната радио телевизија (НРТ) може да остварува дополнителен приход од продажба на програма и услуги, како и од комерцијални комуникации и со барањето за автентично толкување се отвора можност на НРТ да ѝ биде олеснет пристапот за склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Коронавирус