вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 108
home Вести

МТСП најавува вонредна инспекција во градинката каде на децата им се пушта „Жена од султана“

МТСП најавува вонредна инспекција во градинката каде на децата им се пушта „Жена од султана“
илустрација

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

Ова е ставот на МТСП откако порталот „Слободен печат“ објави видео на кое се гледа како на деца во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, меѓу кои и песната „Жена од султана“.

-Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки, се вели во соопштението.​

Коронавирус