понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

МРТ утре со директен пренос од слетувањето на 45-те загинати патници – ковчезите ќе бидат предадени на семејствата во арената Борис Трајковски

МРТ утре со директен пренос од слетувањето на 45-те загинати патници – ковчезите ќе бидат предадени на семејствата во арената Борис Трајковски

Јавниот сервис утре со почеток од 9 часот наутро, ќе врши пренос од Аеродромот „Скопје“ каде ќе пристигнат посмртните станки на 45-те патници кои трагично го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија.

Од Аеродромот, на пригоден начин ќе биде одадена почит на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, а потоа телата ќе бидат пренесени во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ каде што ќе им бидат предадени на семејствата.

Утре, 3 декември, во 9ч, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Коронавирус