недела, 11. април 2021. Вести денес: 25
home Вести

МПЦ со став за одложување на пописот

МПЦ со став за одложување на пописот

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 февруари 2021 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание врз актуелните состојби, случувања и појави.

Меѓу другото, го искажаа и својот став за најавениот попис.

-Поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата кај нас, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи, се наведува во нивното соопштение.

Коронавирус