сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 96
home Вести

Mozzart со донација на кревети за интензивна нега во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија

Mozzart со донација на кревети за интензивна нега во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија

Додека лекарите макотрпно се борат за животот на луѓето во екот на пандемијата, компанија Mozzart веќе со месеци се труди да помогне на државата и здравствените работници, со цел да се подобрат уште повеќе условите за работа во болниците ширум земјата. Низата од големи хуманитарни акции насочени кон болниците, овој пат продолжува со донацијата на најсовремени кревети за интензивна нега, наменети за болниците и Ковид центрите кои лекуваат пациенти заразени од Ковид-19. Првата испорака од седум кревети за интензивна нега беше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

Од Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија се заблагодарија на донацијата која е исклучително важна во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни места во болниците.

„Вакви донации за нас се важни, особено сега во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни кревети во некои од болниците, каде се лекуваат болни од КОВИД-19. Донираните кревети за интензивна нега ќе бидат распределени во ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија и Ковид центрите во интерните клиники онаму каде што ќе има најмногу потреба. Од името на целиот персонал и пациентите изразувам голема благодарност до компанијата Mozzart за хуманиот гест кој го направија. Го цениме секој труд и поддршка што доаѓа од вистински луѓе во право време. Ваквите дела ќе бидат запаметени и се поттик за нас кој ќе не охрабри да продолжиме во оваа битка.“ – изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија – Скопје, кој воедно е и координатор на Ковид центрите во интерните клиники.

На доделувањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, кој ја поздрави оваа акција на компанијата Mozzart.

„Ја поздравувам оваа хуманитарна акција на компанија Mozzart. Изминатиот месец дониравме лап топ компјутери во Универзитетска клиника за детски болести, а овој пат донираме седум најсовремени кревети за интензивна нега кои ќе бидат прераспределени во ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија во Скопје и Ковид центрите во интерните клиники, а ќе бидат наменети за пациентите со КОВИД 19.“ – изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од Mozzart велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, секоја донација во болниците е од огромно знчење за здравствениот систем и здравствените работници.

„Со оваа донација, како и сите останати донации од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, сакаме да им испратиме порака на здравствените работници да издржат. Компанија Mozzart ќе биде тука да ги сослуша сите потреби и да помогне секогаш кога за тоа ќе биде во можност. Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава, па секогаш се трудиме да регираме брзо таму каде што помошта е најпотребна. Продолжуваме и понатаму со низата хуманитарни акции.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Коронавирус