петок, 14. мај 2021. Вести денес: 10
home Вести

„Мотото на Заев и Филипче провизии пред вакцини, доведе до 4.108 починати од корона“

„Мотото на Заев и Филипче провизии пред вакцини, доведе до 4.108 починати од корона“

Стотина лица починаа за само два дена. Стотина семејства се завиени во црно. Сето ова немаше да се случи доколку власта предводена од Заев и Филипче имаше барем малку, трошка разум, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, зошто разум кога станува збор за здравјето на граѓаните?! Зошто Заев и Филипче би се грижеле за тоа, кога може да се грижат за тоа дали има доволно забава за нив, дали има доволно провизии од тендерите и набавките? Ним поважни им се сите овие работи од здравјето на граѓаните. Ним им е поважно дали има мотор или хеликоптер за да се провозат, од тоа дали има вакцини и дали населението ќе стекне имунитет, велат од партијата.

Додаваат дека нивното мото е провизии пред вакцини!

-Бројката на починати е 4.108, а Заев и Филипче се директно виновни за тоа. Заев и Филипче се директно виновни за хаосот во државава. Затоа мора оставки! Затоа мора Филипче и Заев да заминат од функции! Филипче и Заев ќе одговараат, стои во нивното соопштение до јавноста.

Коронавирус