вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 112
home Вести

Моторот на Заев колку апанажата за цела влада

Моторот на Заев колку апанажата за цела влада

Хипокризијата на власта повторно ги мава СДСМ во глава. Наеднаш цела партија и порталите под нивна контрола почнаа да се грижат за апанажата на техничкиот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски, кој побарал апанажа затоа што истата таа власт на СДСМ го остави без работа, на улица.

Трипуновски беше жртва на реваншизам уште во времето на Љупчо Николовски кога и го заработи отказот од работа. Па сега истиот тој Трипуновски е принуден да зема апанажа за да може да живее и да прехрани семејство. Од друга страна истите тие лица немаа проблем кога нивните сопартијци на големо ги злоупотребуваа државните ресурси. Сите бевме сведоци како Еленица на Заеви која остварува милионски профити бараше државна помош за плати и доби, додека заев е премиер, истото и со поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, која си даде пари на сопствената фирма. И во двата случаи имаме судир на интереси и злоупотреба на службена положба и овластувања што е спротивно на чл.353 ст.5 од КЗ и за што има кривична одговорност, но никој не излезе да ги осуди Заев и Нина, ниту пак ЈО реагираше согласно закон и не отвори острага.

Од другата страна

Кога станува збор за луксуз на Заев му нема рамен. Тој низ цела Македонија се вози со мотор од 35 илјади евра додека пола држава нема за леб. 100.000 граѓани живеат со 50 денари на ден.

Но проблемот е уште поголем будејќи моторот со кој се вози Заев низ цела Македонија е купен за фирмата Тотал инжинеринг, фирма а семејството Заеви, а се вози за приватни потреби, со тоа е извршена класична злоупотреба и затајување на даноци, институциите молчат! А само еден мотор на Заев е колку апанажа за цела влада. Но нели кога е Заев во прашање се молчи!

Зошто се крева паника?

Власта не покажа резултати во областа на земјоделието, а Трипуновски беше човекот кој им бодеше очи, земјоделците гледаа заштитник во него. Прв собра храброст и излезе на чело на протест на земјоделците кои кренаа глас против владата и им беше испратена полиција.

Врз Трипуновски власта поднесе и кривични пријави. Кога видоа дека моментот на заплашување не функционира поминаа на обид за лична дискредитација. Веќе видено, и провидно.

Коронавирус