недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Мораме да дадеме се од себе грешките на СДСМ и грешките на Зоран Заев да ги корегираме, особено во делот на економијата“

„Мораме да дадеме се од себе грешките на СДСМ и грешките на Зоран Заев да ги корегираме, особено во делот на економијата“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Куманово на средбата именувана како „Обнова на Македонија“ на граѓаните им потенцираше дека мора да датат се од себе за да ги исправат грешките на СДСМ и Зоран Заев.

-Мораме да дадеме се од себе грешките на СДСМ, грешките на  Зоран Заев да ги корегираме, затоа што има грешки кои лесно се корегираат, но има грешки кои што многу потешко ќе ги корегираме од тоа што и тие самите мислат. Лесно е Зоран Заев да излезе на прес конференција и да каже таканаречените реформите  даночниот систем кои што беа поврзани со новите даноци не го дадоа посакуваниот ефект и затоа ние ќе го одложиме решението. Ова не е политика купи ден продај. Ова не е политика која што се води пред избори за да се обидат да ги изманипулираат гласачите, да се обидат да ја изманипулираат волјата на граѓаните, нас ни се потребни луѓе кои што цврсто газат на нозе, нас ни се потребни луѓе кои што знаат како да подготват стратегија. Нас ни се потребни луѓе кои што имаат принципи кои што имаат факти, кои што имаат аргументи. Ние не можеме да си играме со грешките, а потоа да излеземе на прес конференција и да кажеме се извинуваме погрешивме. Ова не е детска игра, вели Мицкоски.

Тој додава дека ова се сериозни времиња каде што се  потребни сериозни луѓе. Нас ни се потребни луѓе кои што знаат кава стратегија да направат.

-Ја користам оваа прилика, еве овде од Куманово да го повикам Зоран Заев, да ја повикам владата прво што можат да направат  е да ги вратат парите на граѓаните кои што им ги наплатија поради оваа погрешна политика изминатите 10 месеци. Тоа е доблесно. Тоа е најмалку што можете да направите. Арачот кој што го земавте од народот, од стопанството, бидејќи самите рековте дека не го постигнал ефектот оваа мерка и дека мерката била погрешна, тогаш вратете го назад веднаш, па можеби тие  ќе имаат малку милост кон вас кога ќе ве следат на митинзите и на телевизија, рече Мицкоски.

Коронавирус