понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 23
home Вести

Монтажните болници на Филипче доцнат 4 месеци, во најава е една во Битола, ама за кој бран

Монтажните болници на Филипче доцнат 4 месеци, во најава е една во Битола, ама за кој бран

Министерот за здравство, Венко Филипче летово вети на граѓаните дека ќе има 16 монтажни болници низ државата со цел да се справи Македонија полесно со вториот бран на КОВИД-19. Истите требаа да бидат готови до крајот на август или почеток на септември. По неколку месеци сега е на повидок првата од ветените 16 монтажни болници.

Првата монтажна болница е лоцирана на парцела зад Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, токму таа болница таму требаше да биде кон крајот на август почеток на септември и граѓаните да се лекуваат. Но за жал градежната мехнаизација деновиве ги започна активностите за подготовка на теренот за поставување на монтажната болница. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде наменет за пациенти заболени од КОВИД-19.

(НЕ)ЗАБОРАВЕНИ МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ
Министерот за здравство, Венко Филипче летово на граѓаните вети дека монтажни болници ќе има и ќе бидат готови до крајот на август или почеток на септември. Вториот бран на корона вирусот веќе во Македонија е активен, болници преполни, а монтажни болници се заборавија. Деновиве излезе вест дека започна да се гради првата монтажна болница од ветените 16. Очигледно оваа болница нема да биде готова ниту до Нова година, можеби министерот за здравство, Венко Филипче монтажните болници ги подготвува за третиот бран од КОВИД – 19.

– Станува збор за број на дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени КОВИД центри. Во петокот, 10.07.2020 година, по иницијатива на министерот за здравство, а со поддршка на Заедницата на единиците на локални самоуправи – ЗЕЛС, преку електронска платформа, се одржа работен состанок со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп, се вели во тогашното соопштение на министерството за здравство.
Пред предвремените парламентарни избори се говореше за монтажните болници, но полека темата ја снема од страна на владата и самото министерство. Очигледно е дека монтажните болници единствено послужија на Филипче за маркетинг. Македонија воопшто не е подготвена за КОВИД-19. Граѓаните и здравствените работници со причина стравуваат.

БИТОЛСКА БОЛНИЦА НА ШКРИГИ
На Инфективното одделение вкупно се хоспитализирани 70 пациенти, со тешка и многу тешка клиничка слика. На располагање има уште 13 кревети. Опремено и е физикалното одделение, но ќе биде ставено во функција кога веќе ќе се исполни целиот капацитет на Инфективното одделeние.

Според информациите од медиумите и вработените во битолската болница изминатиов период имаше доста голем број на заразен здравствен персонал од КОВИД-19. Вработените беа и се уште се принудени сами да си плаќаат тестови и да се тестираат.

Здравствениот песронал таму се зарази од КОВИД-19 поради недостиг на заштитна опрема. Имено веќе подолго време здравствениот персонал од битолската болница апелира до министерството за здравство дека се соочуваат со недостиг на заштитна опрема што го доведува до ризик нивното здравје. Од самиот почеток на пандемијата вработените добиле само 2 N95 маски. Скафандери се чуваат по шкафови под клуч, и се работи без никакви протоколи и насоки.

Коронавирус