среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Моншалан: На 15 октомври ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори

Моншалан: На 15 октомври ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори

Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншалан, се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, во својство на претседавач со Комитетот на министрите.

Моншалан беше испрашувана и за датумот за почеток на преговорите на Република Македонија, но одби директно да одговори на прашањето, велејќи дека одлуката ќе биде „јасна и суштинска“, jавува дописникот на МИА од Стразбур.

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Бетиан Китев, по обраќањето на Амели де Моншалан, ѝ се обрати и ја праша дали земјава може да очекува поддршка од Франција за старт на преговорите со ЕУ.

За состојбата во Северна Македонија, верувам дека е неопходно, многу јасно да се поздрави историската етапа што беше со Договорот од Преспа. Не сум сигурна дека има многу влади во нашиот современ свет кои се толку храбри во врска со вакви прашања на регионално помирување, да одат дури и да го менуваат името на една земја. Јас нема да ги прејудицирам одлуките од 15-ти октомври во Луксембург. Сепак, минатиот јули, на состанокот Советот за општи работи, а потоа и Европскиот совет, се обврзаа на јасна и суштинска одлука во октомври. Од тогаш, имав многу размени со лидерите на Северна Македонија и можам да ве уверам дека работиме за да донесеме јасна и суштинска одлука, нагласи францускиот државен секретар за европски прашања, рече Амели де Моншалан.

Коронавирус