вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Монако ја замрзна банкарската сметка на која се префрлени парите од продажбата на центрите за дијализа во Македонија

Монако ја замрзна банкарската сметка на која се префрлени парите од продажбата на центрите за дијализа во Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување концесија за центрите за дијализа во Македонија.

Од Обвинителството денеска соопштија дека на надлежниот јавен обвинител, кој е во постојана комуникација со Обвинителството во Монако, ќе му биде испратена целокупната документација поврзана со предметот.

Обвинителството од Монако потврдило и дека судија претседавач на Судот во прва инстанца постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарската сметка.

Во рамки на постапката за предметот за доделување концесијата за центрите за дијализа беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Македонија.

Коронавирус