понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 171
home Вести

МОН препорачува наставниците да ги спојат празниците- еве кога се враќаат на работа

МОН препорачува наставниците да ги спојат празниците- еве кога се враќаат на работа

Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука информира дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно работните обврски на наставниот кадар да започнат на 9 јануари.

-Оваа препорака е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде 2 саботи во првото полугодие и 2 саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови, се вели во дописот од МОН.

Исто така, оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

Коронавирус