сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

МОН ги советува граѓаните – Ако имате раскасапен учебник, купете си нов во книжарница

МОН ги советува граѓаните – Ако имате раскасапен учебник, купете си нов во книжарница

Со почетокот на учебната година родителите се револтирани бидејќи нивните деца добиле оштетени учебници, и наместо министерството да им овозможи нови учебници тие ги советуваат родителите дека можат доброволно да си купат нови по книжарниците бидејќи нив ги има и во слободна продажба.

„Согласно член 6 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, издавачот во чија сопственост се одобрените учебници има право истите да ги пушти во слободна продажба и тоа со истата цена по која Министерството ги откупува. Исто така дел од учебниците може да се преземат и од веб-страницата www.e-ucebnici.mon.gov.mk“, велат оттаму.

Досега, секоја година во полн тираж се печатеа само оние што се третираат како работни учебници, односно оние учебници во кои има содржини кои ученикот ги потполнува, со пишување, боење, лепење и сечење.

„Учебници што се употребуваат во погорните одделенија се во употреба пет учебни години. Ученикот има обврска да ги чува учебниците, а во сите случаи кога училиштето пројавило интерес и доставило бројка на оштетени учебници, МОН истите ќе ги дистрибуира“, додаваат оттаму.

Инаку додека СДСМ не стапи на власт, министерството беше должно да обезбеди учебници за секој ученик.

Коронавирус