недела, 19. септември 2021. Вести денес: 36
home Вести

МОН демантира, но фотографиите покажуваат дека Родител 1 и Родител 2 постојат во Е-дневниците

МОН демантира, но фотографиите покажуваат дека Родител 1 и Родител 2 постојат во Е-дневниците

Родител 1 родител 2 постои во електронскиот дневник и покрај упорното демантирање на Министерството за образование. МОН денеска повторно обвинија дека се целосно невистинити и измислени информациите и дека сликата која се појавила била дел од апликација за е-дневник од 2010 година, пренесува Алфа ТВ.

Но, наставник од едно основно училиште денеска испратил нова фотографија до Телевизијата, на која јасно се гледа дека термините „мајка и татко“ не постојат, наместо тоа, во најголем дел од примерите, татковците се обележани со број 1, мајките со број 2.

На прашањето зошто воопшто има потреба да се тргнат традиционалните термини и на на тоа место да стојат родители под редни броеви, од МОН апелираа јавноста да не подлегнувала на лажни информации- и покрај доказите во јавноста. Демантираат и било каков блан за бришење на термините согласно новата концепција која се планира од 1 септември, додава Алфа.

-Апелираме до родителите, наставниците и учениците да не подлегнуваат на ваквите лажни информации и да ги следат официјалните известувања и документи на МОН кои се јавно достапни, со цел да се избегне нивна манипулација, велат од МОН.

Овие информации брзо предизвикаа бурни реакции во јавноста. Граѓаните кои ги праша Алфа ТВ што мислат за овој скандал, не се согласуваат со концептот на МОН. Според нив е безпредметно во –дневниците да стои родител 1 и родител 2.

Претходно и од Иницијативата „Настава и учебници мора да има“ предупредија дека од септември, согласно дигитализацијата, стандардниот печатен дневник ќе замине во историјата, а со него и термините мајка и татко, па ќе се користи само е-дневникот а во него јасно стои родител 1 и родител 2.

Најнови вести

Коронавирус