петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Момировски: Загрижувачка е изјавата на холандскиот амбасадор во врска со корупцијата во земјава

Момировски: Загрижувачка е изјавата на холандскиот амбасадор во врска со корупцијата во земјава

Горан Момировски водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ вели дека загрижувачка е изјавата на холандскиот амбасадор за корупцијата во државата дека тоа е можеби модифицирана позиција на холандската влада која што и досега имала проблем со проширувањето во случајот со Албанија и дека пораката на амбасадорот е дека веќе Македонија ја става во пакет со нашиот западен сосед.

-Оваа изјава за корупцијата никого не шокира ние овде знаеме точно за што се се работи кога станува збор за корупцијата за инволвираност на највисоки државни владини претставици. Она штоп мене ме загрижува е дека изјавата на холандскиот амбасадор е една нова можеби не целосно нова но модифицирана позиција на холандската влада која што и досега имашепроблем за проширувањето во случајот со Албанија. Се плашам дека пораката на холанскиот амбасадор веќе не страва и нас во таа ситуација како Албанија и во таа група на две земји па и дека во иднина нема да ни простат во Брисел па и во земјите членки во Париис во Копенхаген за тоа што се случува во Македонија на планот на корупцијата пред се. Не можете вие безочно да крадете да местите тендери да подржувате свои блиски компании или како во случајот сп Глобал во Струмица за мене практично владата ги рекетираше компаниите и приватните и државните да дадат пари за „Глобал“, кажа Момировски.

Коронавирус