вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Момировски: Власта со договорите со Бугарија и Грција остави отворени прашања, исто како да не постигнала договор

Момировски: Власта со договорите со Бугарија и Грција остави отворени прашања, исто како да не постигнала договор

Горан Момировски, новинар во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за Договорот со Бугарија каде посочи дека може да се случи истото со Преспанскиот Договор каде што нема да се знае што е потпишано од страна на власта.

– Да потсетам на изјавата на Зоран Заев од пред неколку дена каде што рече дека тоа што се бара од Бугарија е неприфатливо, а не кажа што е тоа се бара и мене ми влева страв. Јас претпоставувам дека се работи за Гоце Делчев дека ќе биде прогласен за бугарски јунак кој таа опција ја спомнаа неколку члена на комисијата. Северна Македонија е нешто друго, но поврзано со тој пакет тоа го кажа и поранешниот бугарски претседател кој рече дека Северна Македонија не е прифатлива за Бугарија. На македонската страна и било кажувано цело време додека се потпишуваше Преспанскиот Договор дека Бугарија има сериозни забелешки за тој проблем. Сега слушаме овде дека со договорот ништо не е решено, не ни е отворен патот кон ЕУ, понижени сме целосно македонски јазик не смее да има во договорот за ФРОНТЕКС, Бугарија блокира договор за ФРОНТЕКС во Брисел на јужната македонска граница за мигрантите, рече Момировски.

Тој во своето гостување додаде дека тој од ниту еден државен функционер не слушнал да рече што е тоа не можат да се согласат на тоа што го бара Бугарија и да кажат што точно е тоа.

-Од ниту еден од државните функционери не слушнав да рече не може да се согласиме на тоа што го бара Бугарија и да каже што е тоа. Ние не знаеме практично што се случува и се плашам ќе ни случи тоа што се случи со Преспанскиот Договор, ќе биде потпишан, а нема да знаеме што сме потпишале, кажа Момировски.

Коронавирус