недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Момировски: Македонија се согласила да го избрише македонското малцинство во сите соседни земји

Момировски: Македонија се согласила да го избрише македонското малцинство во сите соседни земји

Колку е сета работа апсурдна се покажува од последните работи кои доаѓаат од Атина. Грција нам нема да ни се обраќа со новото име, Republic of North Macedonia, како што е прикажано туку како „Репаблика Северна Македониџа“, истакна новинарот Горан Момировски во отвореното студио на телевизија Алфа.

-Македонија се согласила да го избрише македонското малцинство во сите соседни земји. Член 49 да биде избришан, односно според Заев да биде направен согласно европските рамки, а според Грција да биде согласно грчкиот Устав член 108 каде се зборува за грчката емиграција и за нивните културно историски, образовни права. Самиот чин дека ние сме преземале обврска да ја смениме преамбулата говори во каква ситуација е Македонија. Државјанството ќе биде македонско/граѓаните на Република Северна Македонија, овој унифициран термин го заменува простиот термин „Македонец“ што за Грците е јасно подобрување. Понатаму се наведува дека терминот националност е различен од терминот „етницитет“ се оди во детал и нема дилема за тоа што е целта на Грција, да се брише македонизмот. Согласно тоа договорот нема да признае етницитет нација, туку право на самоидентификација на граѓаните на соседната држава. Ќе треба на сите споменици во Скопје и Македонија да ставиме јасни плакети дека се работи за симболи на грчката култура, вели Момировски.