петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Момироски: Скандалите објавени од опозицијата се реални, и кога не реагираат институциите ние новинарите ќе ги гониме вмешаните во случаите

Момироски: Скандалите објавени од опозицијата се реални, и кога не реагираат институциите ние новинарите ќе ги гониме вмешаните во случаите

Твоја теза е дека институциите треба да решаваат. Еве за сличајот со ден Дончев, тој избега, и кога нема разврски ние новинарите ќе ги гониме ваквите афери и лицата вклучени во нив, рече новинарот Горан Момирски на гостувањето во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5 дебатирајќи со аналитичарот Ненад Јовановиќ.

Според него скандалите се реални и потсети на случајот со вработениот во влада одговорен за серверот во влада, а во суштина е само хонорарец кој има толку важна работа.

„Факт е дека институциите не реагираат и затоа ние како новинари ќе делуваме. Еве и за лицето од влада, хонорарец а од негова форма се купуваат два џипа од кои едниот го вози сопругата на Рашковски“, рече Момироски.

Момироски се осврна и на скандалот Пасоши за кој рече дека е многу јасно дека се се случувало за време на лица од СДСМ.

„Цела емисија ве слушам како лажете, ваков случај заврши со пресуда за лице блиско до СДСМ“, му рече Момироски на Јовановиќ.

Коронавирус