петок, 20. мај 2022. Вести денес: 56
home Вести

Момчето на прегазената девојка кај „Сити мол“ доживеало страшен шок

Момчето на прегазената девојка кај „Сити мол“ доживеало страшен шок
ФОТО:360 СТЕПЕНИ

Возачот кој синоќа прегази девојка кај „Сити мол“ во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи

Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н., а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.). Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

Момчето на загинатата Викторија. Н., 24-годишниот Л.Д., нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување.

– За среќа, тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола – изјави за Фактор директорот на „Св. Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков.

Тој додава дека момчето било во страшен шок, зашто целата страшна глетка се случила пред негови очи.

– Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, поради што му е дадена терапија за смирување – додава д-р Арсенков.

Коронавирус