петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 115
home Вести

Момче по телефон бараше помош: Тато дојди спасиме, нозете ми се под автобус

Момче по телефон бараше помош: Тато дојди спасиме, нозете ми се под автобус

Пострашна и потажна слика во животот не сум видел, сведочи Музафер Зибери, жител на селото Ласкарци, кој прв дошол на местото на автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари.

Во сообраќајната несреќа загинаа 16 луѓе, а 38 беа тешко повредени.

„Јас пострашна и потажна слика во животот не сум видел. Живеам на 100 метри од несреќата и одма дојдов со кола кај превртениот автобус. Десетина луѓе успеале да излезат, но другите… Имаше заглавени луѓе во автобусот. Едно момче самото повикуваше помош преку мобилниот телефон: ’Тато дојди да ми помогнеш!‘. А нозете му беа под автобусот. Имаше мртви. Ги видовме. Почна нешто да чади, го ставив при рака ПП апаратот. Од тие што беа надвор, имаше девојче целото во крв. Плачеше, викаше многу. Видов легнат човек, му плиснав вода, се освести. Девојчето, освестениот, за кој не знаев дека бил возачот на автобусот и патник од Албанија, ги ставив во колата и веднаш тргнав за Воена болница кон Скопје“, раскажуваше Зибери.

Сите адвокати и судијката Дијана Груевска, му се заблагодарија на Зибери за помошта и пожртвуваноста во спасувањето на животите по несреќата кај неговата куќа во Ласкарци.

По патот возачот на автобусот го удирал Зибери по ногата и му викал: „Полека, полека вози!“

Обвинети за несреќата кај Ласкарци се сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во компанијата „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер Игор Ѓорѓиевски и возачот Маноил Трифуновски.

На обвинетите им се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Судењето продолжува со сослушување сведоци и оштетени во трагичната несреќа.

Извор: sdk.mk

 

Коронавирус