четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Молкот на власта за барањата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека амнестијата е посакувана опција за Заев“

„Молкот на власта за барањата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека амнестијата е посакувана опција за Заев“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција потенцираше дека молкот на власта за барањата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека амнестијата е посакувана опција за премиерот Зоран Заев.

-Ќе констатирам дека поминуваат точно 24 часа од последниот мој јавен настап каде отворено побарав од Заев и власта да се согласат да овозможиме законски измени со кои политичари кои биле амнестирани нема да може да се занимаваат со политика, и да не може да се амнестираат луѓе кои обавувале јавна функција и имале политичка позиција, а кои се огрешиле со законот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој подвлече:

„Само ќе нагласам дека Заев кого вчера го видовме на снимено видео обраќање од кое чувме како се колне во правдата, и со оглед на тоа колку ревносно ја креваа измамата со амнестијата изминатите денови, денес наспроти сето ова ќе констатирам дека има молк и се уште ги немаат прифатено овие наши барања. Сето ова укажува дека амнестијата како пракса станува посакувана опција за веќе еднаш амнестираниот Заев и неговите луѓе.“