сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Молкот на Петров на прашањето на Лупевска е доказ дека СДСМ го загрози здравјето на граѓаните

Молкот на Петров на прашањето на Лупевска е доказ дека СДСМ го загрози здравјето на граѓаните

Вечерва во емисија „Топ Тема“ имаше вклучување Коста Петров, кој што го избегна да одговори на прашањето на Лупевска дали пак ќе одат да делат летоци по денешната бројка на заразени од Ковид – 1.

Вечерва Лупевска до Петров постави прашање: – Ќе препорачате ли уште една ваква средба со граѓаните, мислите дека е добро, сега ве прашувам како експерт пи-ар, не ве прашувам како потпретседател, да и како човек. Дали мислите дека вака треба и понатаму да се оди низ градови, да се делат летоци во една ваква ситуација на 89 заразени? И дали Вие ќе отидете да поделите летоци?

„Видете, да се разбира, го разбирам и прашањето, бројките за жал не се тоа што треба да бидат. Досега требаше да се намалат бројките. Се надевам дека оваа бројка што расте дека нема да продолжи. Мојот апел е дека сите треба да се адаптираме, да ги почитуваме протоколите. Факт е дека ќе мора да се навикнеме на ова. Факт е дека сите се адаптираме, се адаптира бизнисот, се адаптираат луѓето, ќе се адаптираат и политичките партии. Најважно е да ги почитуваме протоколите, мислам дека тоа е апсолутно правило за сите граѓани и политички партии“, одговори Петров.

Коронавирус