понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 203
home Вести

Молк од Филипче по барањата на докторите од „8 Септември“ за зголемување на нивните плати и вреднување на трудот

Молк од Филипче по барањата на докторите од „8 Септември“ за зголемување на нивните плати и вреднување на трудот

Трет ден по ред молк од страна на министерството за здравство и министерот Венко Филипче откако пред два ден докторите од „8 Септември“ излегоа на протест во знак на револт за неисполнетите ветувања и зголемување на нивните плати.

Како што беше изјавено до страна на доктор Петра Атанасовски доктор во 8ми Септември, не е исполнето дадено ветување дека ќе се изедначи нивниот труд со вработените здравствени работници од клиничкиот центар „Мајка Тереза“, посочувајќи дека им било ветено дека и платите и дежурствата но и инфективниот додаток ќе им биде исплатен, а се уште нема ништо од ветеното.

-Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток, изјава д-р Петар Атанасовски за 360 Степени.

И друг доктор во изјава побара ветените работи од страна на министерот Венко Филипче да се исполнат, бидејќи како што вели нивната работа е иста како работата на клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, нагласувајќи дека скоро 8 месеци немаат никаков одговор од страна на министерството и поради тоа се одлучиле да излезат на мировен протест за да го искажат своето незадоволство.

-Ова е трет пат што се собираме тука заеднички сите колеги, почнувајќи од јули месец господинот министер ни вети дека ќе станеме клиничка болница ќе имаме исто коефициент како клиничките болници како „Мајка Тереза“. Исто така ќе имаме дежурства слични на клиничките болници, како што е на Инфективната клиника, зошто немам никаква разлика од нив. Цела година работиме со ковид пациенти, почнувајќи од април до сега. Скоро цела година работиме само со нив и не гледаме и немаме други пациенти и затоа бараме тие ветените работи да ни се исполнат, веќе поминаа 7, 8 месеци а немаме никаков одговор од министерството и токму затоа се договоривме сите заеднички да излегуваме на еден мировен протест и да ги потсетиме раководните кадри да ни ги исполнат ветените работи, вели друг доктор од „8 Септември“.

Ваквиот однос и третман од страна на миинистерството и министерот за здравство Венко Филипче само дополнително ќе го разгори револтот и незадоволството од страна на здравствените работници во „8 Септември“ триесетина на број кои изминатите месеци се во првите борбени редови кога станува збор за спречување на ширење на корона вирусот.

Немањето на слух за решавање на овој проблем кој може дополнително да ја влоши состојабата во „8 Септември“ само уште еднаш покажува и докажува дека ниту власта ниту министерот Филипче не го вреднува трудот и маката низ која поминуваат здравствените и медицински работници директно вклучени во ковид пандемијата жртвувајќи си го сопствениот живот, но и животот на своите најблиски.

Најнови вести

Коронавирус