недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

МОЛК и ГОЛЕМ СРАМ: Во година со врвни спортски успеси, АМС и Мојсоски не ја доделија наградата „8-ми Септември“

МОЛК и ГОЛЕМ СРАМ: Во година со врвни спортски успеси, АМС и Мојсоски не ја доделија наградата „8-ми Септември“

Со државната наградата “8-ми Септември”, секоја година се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот во Македонија.

Во годината во која многу спортисти го направија нашиот народ горд, државата нема да награди ниту еден од нив со ова признание.

Агенцијата за млади и спорт на чие чело е поранешниот ракометен репрезентативец  Наумче Мојсоски, го прескокнаа големиот празник на кој досега ги истакнуваше имињата на спортистите кои имале свои остварувања во тековната година.

Државната награда за спорт претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат резултати во име на државата.

Годинава само молк кој истовремено е и голем срам.

Годината во која македонското знаме се вееше на пиедестал на Олимпијада, АМС ја претстави како период во кој немаме успех со кој може да се гордееме. Барем таква е пораката која ја испратија АМС и Мојсоски, откако одлучија ниту еден македонски спортист да не биде одликуван со оваа награда.

КУРИР побара одговори од АМС, но до објавување на овој текст немаме добиено ништо од нив.

Коронавирус