петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Моќна фотографија од фанови на Сампдорија и Џенова по катастрофата: Нема ривалство кога на твојот град ќе му се случи трагедија (ФОТО)

Моќна фотографија од фанови на Сампдорија и Џенова по катастрофата: Нема ривалство кога на твојот град ќе му се случи трагедија (ФОТО)

Најмалку 42 лица загинаа во вчерашната катастрофална несреќа во италијанскиот град Џенова, каде се сруши мостот Моранди.

Пораки со поддршка и сочувство до семејствата на жртвите, пристигнуваат од целиот свет, голем број спасувачки тимови се на терен во обид да се спасат животите на луѓето под рушевините, каде е можно да има и уште жртви.

Една фотографијата ги освои сите, иако важат за лути ривали, фановите на тимовите од градот, Сампдорија и Џенова заедно помагаа после оваа трагедија.

-Нема ривалство кога на твојот град ќе му се случи трагедија, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Коронавирус