петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

МОЌЕН ГОВОР КОЈ ЈА НАЕЖИ МАКЕДОНИЈА: Коментаторите со силни емоции и гласна порака во име на Македонците

МОЌЕН ГОВОР КОЈ ЈА НАЕЖИ МАКЕДОНИЈА: Коментаторите со силни емоции и гласна порака во име на Македонците

Говорот на македонските коментатори пред почетокот на мечот повторно ја наежија цела Македонија.

КУРИР ви пренесува дел од моќниот говор на македонските коментатори на кои им велиме: СЕКОЈА ЧЕСТ!

Добар ден МАЈКО МАКЕДОНИЈО. Добредојде во Европа, фудбалската Европа. Европа без вето, Европа на сите. Европа со еден и единствен, веќе потврден и незаборавен датум. Дедовци и баби, татковци и мајки, браќа и сестри, синови и ќерки – Македонија игра на Европско првенство.

Ова е натпревар за спортска антологиј, за сите генерации минати, сегашни и идни. Натпревар кој ги обединува сите кои некогаш шутнале фудбалска бубамара, но како прозорец кон светот, парадоксално, во една од најтешките години на човештвото, претставува продолжение на величенствената година за македонскиот фудбал. За сите фрустрации, за минати и неостварени амбиции и соништа.

Драги мои Македонци, ние никогаш не сме биле и нема да бидеме робови, но тие што мислеа дека се наши господари денеска знаат дека сме рамноправни со нив и длабоко во себе се плашат дека не само што сме рамноправни туку и дека ако не тие, нивниот пород кога-тогаш ќе сфати дека некогаш од нас го добиле највредното. Поуката дека човекот се раѓа за да се љуби.

Мајко Македонијо, денеска сакај се себеси, денеска почитувај се себеси, верувај во себе и сеќавај се на тоа што ги учеше! Без оглед на се и после се, ги љубиме сите. Но, ќе размислиме дали да им простиме. Тие можат да бидат сигурни дека нема да заборавиме. Никогаш и за ништо!

Коронавирус