вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 28
home Вести

Могерини: Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата

Могерини: Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата

Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративе назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

Могерини истакна дека постигнувањето е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата и сите граѓани на Македонија.

– Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекор и да ја преземат одговорноста за тоа. Добрите вести што ги носам значат и многу работа што треба да биде направена, а следното ниво е имплементација на реформите и на обврските што ги презедовте, како и враќањето на довербата на луѓето во институциите, рече Могерини и го поздрави подобрувањето на соработката со соседите.

Порача да продолжат преговорите со Грција за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за што изрази надеж дека ќе се случи наскоро.

Премиерот Заев искажа благодарност до Могерини во името на граѓаните на Македонија.

– За десет месеци направивме голем чекор во евроинтеграцискиот процес, а ЕУ тоа го забележа и вреднува, рече Заев.

Истакна дека по спроведените реформи, Договорот за добрососедство со Бугарија, на добар пат сме да го решиме и отвореното прашање со Грција. Побара од ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата продолжува со потрените реформи. Очекува датум за почеток на преговорите во јуни годинава. Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија и додаде дека интеграциите значат економски развој, нови работни места, повисоки плати, мотивирани млади луѓе и работна сила што ќе останат во земјава.

МИА

Коронавирус