сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 84
home Вести

„Модуларната во Скопје прокисна, во Тетово изгоре, Филипче мува не го лази“

„Модуларната во Скопје прокисна, во Тетово изгоре, Филипче мува не го лази“
МИА

Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч. Или модуларната во Скопје прокиснува. На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 13 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие истакнуваат дека не се знае зошто прокисунува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи.

– Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор. Бројката на починати од корона е речиси седум илјади. Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања. На Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето, посочуваат од партијата.

Коронавирус