среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 189
home Вести

Мобилизација на Клинички: Реорганизација на клиниките за помош за Инфективна

Мобилизација на Клинички: Реорганизација на клиниките за помош за Инфективна

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.

На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот со цел обезбедување на дополнителни капацитети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од Ковид-19.

-Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

Коронавирус