среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

МНР почна да го користи називот Република Северна Македонија

МНР почна да го користи називот Република Северна Македонија

Oд македонското Министерство за надворешни работи велат дека по исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

Република Северна Македонија по ова на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена, за што ќе бидете навремено информирани.

Најнови вести

Локални избори 2021