среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

МНР ја предаде вербалната нота на грчкиот амбасадор за завршените уставни измени

МНР ја предаде вербалната нота на грчкиот амбасадор за завршените уставни измени

Доцна вечерва министерството за надворешни работи соопшти дека на шефот на канцеларијата за врски на Грција во Македонија, му била предадена вербална нота со која се информира Грција, дека се усвоени уставните измени.

Од македонско МНР посочуваат дека во вербалната нота, грчката страна се информира дека Собранието на РМ на 11 јануари ја усвои oдлуката за прогласување на четирите амандмани на Уставот на Република Македонија и одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите со што Македонија го исполнила договореното.