среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 33
home Вести

Мнозинството Македонци против Договорот со Грција

Мнозинството Македонци против Договорот со Грција

Мнозинството Македонци во Република Македонија се против Договорот со Грција, односно не се согласуваат истиот да продолжи со спроведување во Собранието преку процесот на измени на Уставот на државата, покажуваат резултатите од најновата анкета која ја објави вечерва телевизија Телма.

Според податоците 54,4 проценти од Македонците не поддржуваат понатамошното спроведување на Договорот кој владата на Зоран Заев го потпиша со Грција.

Албанците пак, во 92,6 проценти сметаат дека спроведувањето на Договорот треба да продолжи.

Резултатите од спроведената анкета посочуваат дека Македонците во најголем дел не ја поддржуваат одлуката на седумте пратеници да гласаат за уставните измени. Ваквата одлука на пратениците не ја поддржуваат 47,4  проценти од испитаните Македонците.

Коронавирус