петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Мнозинството граѓани смета дека нема да има подобрување на состојбите со владата на Ковачевски

Мнозинството граѓани смета дека нема да има подобрување на состојбите со владата на Ковачевски

Според анкетата на ИПИС, мнозинството граѓани смета дека нема да има подобрување на состојбите со владата на Ковачевски.

Имено на прашањто, дали со изборот на новата Влада сметате дека ќе има подобрување на нејзината работа, голем број на испитаници одговориле негативно, односно 42,3% сметаат дека нема да има подобрување.

А на прашањето, дали со формирањето на новата Влада ќе се надмине политичката криза во Македонија или не, исто така 42,7% од испитаниците имаат негативно мислење, 28,6% мислат дека ќе биде надмината политичката криза.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на 1124 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за изборот на новата Влада.

Најнови вести

Коронавирус