петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 179
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Мнозинството граѓани смета дека Македонија се движи во ПОГРЕШНА насока

Мнозинството граѓани смета дека Македонија се движи во ПОГРЕШНА насока

„Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1.149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот.

Едно од прашањата поставени на оваа анкета до граѓаните е „Во каква насока се движи државата“?

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија се движи во ЦЕЛОСНО ПОГРЕШНА насока. За оваа опција се изјасниле 63,1% од испитаниците. Дека Македонија се движи во ПОГРЕШНА насока истакнале 8,4% од испитаниците.

Дека Македонија се движи во ПРАВИЛНА насока сметаат 14,9%, а само 13,6% се изјасниле дека мислат дека Македонија се движи во ЦЕЛОСНО ПРАВИЛНА насока.

 

Локални избори 2021