недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Многу дожд и декемвриски студ: Временска прогноза за следниве денови

Многу дожд и декемвриски студ: Временска прогноза за следниве денови

Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска.

Максималната температура од 21 степен треба да биде измерена во Дојран и во Гевгелија. Во ДемирКапија до 20, Штип – 19, Скопје и Битола – 16, Охрид – 14.

Времето утре се очекува да биде променливо облачно на места со локални врнежи од дожд и со максимална температура до 18 степени.

Од недела, со првите декемвриски денови, ни’ доаѓа и постудено време. Во недела и во понеделник максималните температури треба да достигнат до 14 степени, а се очекува умерено облачно време со сончеви периоди.

Според првичните најави, од вторник ќе има натамошен пад на температурата.

Коронавирус