вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 21
home Вести

Младиот Христијан ќе продолжи да живее, неговиот татко без размислување го донираше бубрегот

Младиот Христијан ќе продолжи да живее, неговиот татко без размислување го донираше бубрегот

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу подобро. Повеќе не одам на дијализа, а повеќе време имам за другарите и семејството. Задоволен сум од целиот третман на лекарите кои се грижеа за мене.

Пред две години трчав на маратонот во Охрид. Наредната година повторно ќе се пријавам затоа што знам дека можам! Имам повеќе сила и мотивиран сум“, вели деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски од Скопје со ретката болест Алпорт синдром.

За три години, на Клиниката за нефрологија изведовме 55 трансплантации на бубрези, пациентите имаат нова шанса за квалитетен живот.

Коронавирус